Утрински Весник
Политички Партии

Партијата на пензионери повика на поддршка на пописот

Најголем дел од кривичните дела од омраза се по основ на етничка припадност

Партијата на пензионери повикува на поддршка на пописот.

„Да го подржиме и масовно да учествуваме во пописот, за да помогнеме во остварување претпоставки за подобар и посигурен живот за нас и нашите потомци. Почитувани сопартијци од ПП, пензионери и сите останати граѓани, ние, пензионерите, како луѓе со богато животно искуство, загрижени, а мотивирани да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, ги повикуваме сите граѓани, заедно со нас, активно, одговорно и масовно да учествуваат на претстојниот попис“, велат од ПП.

Од таму велат дека во моментов и покрај предизвиците пред кои, сите нас, нѐ исправа епидемијата со КОВИД-19 е мошне значајно, почитувајќи ги пропишаните здравствени протоколи, да ги исполниме граѓанското право и обврска, така што секој поединечно и сите заедно на државата ќе и обезбедиме веродостојни статистички податоци, врз база на кои, сегашната но и идните власти, ќе ги креираат политиките кои се од егзистенцијално значење за развиток на општеството, здравството, образованието, економијата и безбедноста, со цел остварување подостоинствен и посигурен живот за идните генерации.

Од Партијата на пензионери ги осудиија иницијативите за бојкот на пописот и велат дека со бојкот и апстиненција само се уназадува општеството, се зголемува нетолеранцијата и се поттикнува омразата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт