Утрински Весник
Македонија

Партиите на Села и Гаши го обвинуваат Исмаил Јахоски од ДУИ за местење на тендери

Партиите на Села и Гаши го обвинуваат Исмаил Јахоски од ДУИ за местење на тендери

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, чиј син е сопственик на компанијата „Пуцко петрол“ од јануари 2020 година преку тендери за набавка на нафта и гориво има добиено над 31 милион евра од различни институции како од централната власт така и од локалната, беше посочено на прес-конференција организирана од коалицијата на Алијанза за Албанците и Алтернатива.

Од коалицијата нагласуватаат дека од таа сума, над 2 милиони евра се само од општините управувани од функционери на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„На пример, само во општина Тетово ‘Пуцко Петрол’ добил над 22 милиони денари, додека во општина Чаир над 15 милиони денари. Овие информации лесно се проверуваат на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, а денес пред вас носиме копии од договорите на оваа компанија со сите институции“, беше посочено на прес-конференцијата.

Од коалицијата јавно ги запрашаа одговорните во овие институции и пратеникот Јахоски која е „магијата“ што ја користат за да се победи на скоро секој тендер за набавка на нафта и гориво.

Партиите на Зијадин Села и Африм Гаши бараат Државната комисија за борба против корупцијата, како и обвинителството сериозно да се позанимаваат со овој случај за да објаснат на јавноста како е можно една компанија поврзана со пратеник на политичка партија, да добие толку многу тендери.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски