Утрински Весник
Македонија

Партиите да понудат решенија за проблемите во образованието, бара Сојузот на средношколци од Тетово

Партиите да понудат решенија за проблемите во образованието, бара Сојузот на средношколци од Тетово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 28 февруари 2020 (МИА) – Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија со седиште во Тетово во пресрет на предвремените избори ги повикаа партиитe учесници на изборите, истовремено да работат и на подобрување на образованието. Тие бараат од партиите изнаоѓање вистински и реални решенија за подобрување на состојбата во образованието, условите во училиштата и меѓусебно почитување меѓу професорите и учениците.

-Северна Македонија бележи постојан пад во светската ранг листа во однос на образованието; главен виновник за ова е Министерството за образование и наука бидејќи не успеа да претстави ниту да спроведе корисни политики за подобрување на квалитетот на образованието. Затоа, нашиот Сојуз очекува и бара од идната Влада на Република Северна Македонија да посвети соодветно внимание на развојот на образованието, подобрувањето на условите во училиштата и иновативните пристапи во развојот на иднината на нашата земја, велат во денешното соопштение од Сојузот на средношколци.ас/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

Сиљановска-Давкова со честитка за Божиќ

Избрани Хоџа и Сали за нови министри во Владата