Утрински Весник
Спорт

Партизан потпишаа со Американецот Лидеј

Партизан потпишаа со Американецот Лидеј

Кошаркарскиот клуб Партизан и Американецот Зек Лидеј потпишаа двегодишен договор. Лидеј е четвртото засилување за Партизан во преодниот рок, претходно во клубот се врати најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ, а договори потпишаа Кевин Пантер и српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ.

Лидеј има 28 години, висок е 202 сантиметри, минатата сезона настапуваше за Армани Милано. Инаку, од Милано во Партизан, пристигна и Пантер.

Лидеј, минатата сезона, во Евролигата бележел по 10 поени и 4,5 скока на натпревар.

Краиерата во Европа, овој студент на универзитетот Вирџинија, ја започна во Хапоел Гилбоа, а потоа играл за Жалгирис и Олимпијакос.

> Партизан потпишаа со Американецот Лидеј <

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ