Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Партерното уредување на кејовите во општина Могила

Партерното уредување на кејовите во општина Могила
Img 7972

Со партерното уредување во насока на збогатување на туристичката понуда во општина Могила и Пелагонискиот регион како и регулирање на коритото на реката Црна односно нејзината притока Шемница, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа ги завршивме проектните активности во општината во насока на подобрување на условите за живот и за развој на руралниот туризам, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

„Во општина Могила сме сведоци на уредување на кејот со којшто се подобруваат условите за живот на овие жители и добиваат една нова содржина која може да ја користат за пешачење и рекреација, што е многу важно во овие услови на Ковид-19. Се надевам дека општината и оваа година ќе предложи до нас суштински проекти. Апелирам да им помогаме што повеќе на нашите општини бидејќи и тие се соочуваат со економска криза и секоја помош е добредојдена, независно дали од донаторите меѓународни, но се разбира и од средствата од најразличните институции на државно ниво“, рече министерот за локална самоуправа.

Носител на проектот во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а вкупната вредност на проектот изнесува 3.800.000 денари.

„Овој проект во континуитет се гради од 2015 година, меѓутоа 2020 година конечно почнува да се уредува и кејот на река Шемница. Средствата се аплицирани преку Пелагонискиот плански регион а добиени преку Бирото за регионален развој и се инвестира во пешачка, бекатон патека од 1.100 метри со тринаесет канделабри и дванаесет клупи за седење. Конечно во Могила се доби еден урбан простор за рекреација наменет за сите групи на граѓани“, изјави градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулеска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник