Фудбалскиот клуб Парма набргу ќе добие нов сопственик. Клубот од „Енио Тардини“ ќе го купи богато семејство од Катар. Италијанските медиуми пишуваат дека новите сосптвеници ќе откупат 51 отсто од акциите на клубот, а дека во наредните пет години клубот целосно ќе премине во сосптвеност на семејството од Катар.
Парма некогаш дел од „седумте сестри“ на италијанскиот фудбал (Јувентус, Интер, Милан, Лацио, Рома, Фиорентина) прогласи банкрот во 2015 година поради што заврши во Серија Д, четврта италијанска лига.
Поради банкротот, судот во Парма вчера им изрече затворски казни на поранешните челници Томасо Гирарди и Пјетро Леонарди.
Парма за три сезони успеа да се врати во Серија А.
Се очекува дека кога ќе биде извршена трансакцијата, нов претседател ќе стане Ал Хамад ал-Мана. Италијанските медиуми посочуваат дека оваа операција нема никаква врска со семејството на емирот Тамим бен Хамад, во чија сопственост е Пари-Сен Жермен.
51 отсто од акциите ќе бидат продадени за 65.000.000 евра, а преостанатите 49 отсто во рацете на семејството ќе преминат во наредните пет години.
По продажбата, се очекува актуелните челници да ги задржат клучните позиции во клупската структура.
> Парма ќе доби нови газди <