Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Парични казни за 19 лица кои го прекршиле полицискиот час

15 лица ја прекршиле забраната за движење
300x250 opst2

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 19 лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час.

Имено, за време на определената забрана за движење на населението, тие се движеле на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. ​

Можете да прочитате

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден

Скопјанец претепан од контролор на ЈСП