Утрински Весник
Македонија

Парични казни за непочитување на полицискиот час во Прилеп и Крушево

Парични казни за непочитување на полицискиот час во Прилеп и Крушево

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози  за издавање казнени налози против 24 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинителството поведе постапка и против едно лице од Крушево, па до Основниот суд Крушево поднесе предлог за издавање казнен налог заради непостапување според донесената забрана за движење на населението на територијата на државата во определени временски периоди, се вели во соопштението на ОЈО.

Обвинетите го прекршиле полицискиот час во Прилеп и во Крушево, па обвинителството за секого од нив предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста 

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција!