Утрински Весник
Македонија

Парични казни за непочитување на забраната за движење за деветмина во Тетово

Подигнати 20 отсто од СИМ картички за онлајн настава од тетовскиот центар за социјална работа

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство – Тетово по добиените шест кривични пријави денеска до Основниот суд – Тетово поднесе предлози за издавање на казнени налози против девет лица.

-Лицата на 16.05 и 17.05.2020 година не ја почитувале забраната за движење и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на разни локации низ Тетово. Со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот деветмината обвинети да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 100 дневни глоби.​ дма/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани