Утрински Весник
Македонија

Парична помош за семејствата со опожарени станбени објекти во општина Шуто Оризари

Парична помош за семејствата со опожарени станбени објекти во општина Шуто Оризари

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Одлуката за доделување парична помош на семејствата со опожарени станбени објекти во Општина Шуто Оризари е една од точките за која ќе расправаат членовите на Советот на Град Скопје на денешната 49-та седница. Со оваа одлука е предвидено Град Скопје да додели парична помош во нето износ од 100.000 денари на три семејства со целосно опожарени станбени објекти и износ од 50.0000 денари на три семејства со делумно опожарени станбени објекти.

Покрај оваа точка, на денешната седница, информираат од Град Скопје, Советот ќе расправа за поголем број одлуки поврзани со работата со јавните претпријатија и јавните установи во надлежност на Градот.

На седницата, како што се посочува, ќе се расправа и за одлуките за субвенционирање на ЈП депонија Дрисла, за давање времено користење недвижна ствар на ЈУ Универзална сала-Скопје, давање согласности на Статутарната одлука за измена на Статутот на ЈП Комунална хигиена, на Статутот на ЈП депонија Дрисла, на одлуката за донација на движен имот електромобили на ЈП Градски паркинг, на Инвестициската програма на ЈП Лајка за 2020 година, на Инвестиционата програма на ЈП депонија Дрисла за 2020 година, на Програмата за работа на ЈП депонија Дрисла за 2020 година, како и на одлуката за измена на цените на услугите во ЈУ Градска библиотека Браќа Миладиновци – Скопје.

Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за периодот од 1 јануари до декември 2019 година, за одлуките за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2020 година, за прием во сопственост на едно моторно возило, за продажба на недвижен имот – со намена домување. Ќе се расправа и за давање соглaсност и право на градење објект, на одлуката за измена на одлуката за ослободување од плаќање на дел од потрошена вода на корисници кои примаат постојана парична помош, како и одлуката за давање согласност на програмата за благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје во 2020 година. рп/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор