Утрински Весник
Македонија

Парична казна од по 100 дневни глоби за петмина тетовци

Четири прекршувања на полицискиот час, пет предупредувања за неносење маски

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Тетово против пет лица поднесе предлози за определување казнени налози до Основниот суд Тетово. Сите се обвинети непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и за секого од нив е предложена парична казна од по 100 дневни глоби.

Како што информира ЈО, лицата не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Еден е се уште во критична состојба – Вкупно 47 повредени во Кочани се лекуваат во државава и странство

Бочварски: Тошковски требаше да поднесе оставка за трагедијата во Кочани