Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Парис Хилтон открива детали за проблематичното минато во документарeн филм

Парис Хилтон открива детали за проблематичното минато во документарeн филм
Img 7972

Парис Хилтон премина од реалити sвезда во деловна жена, а од неодамна и активистка.

Телевизиската личност во нејзиниот нов документарец, „Ова е Парис“, наведува дека била ментално и физички малтретирана во интернат кога била тинејџерка, и сега работи на затворање на училиштето.

„Има толку многу луѓе што ми пишуваа писма, со зборовите: Ви благодарам многу,“ вели Хилтон (39), и додава дека не разговарала со нејзините родители 20 години затоа што ја испратиле во училиштето „Прово Кањон“ во Јута.

Во документарецот, кој премиерно беше прикажан на нејзината страница на Јутјуб овој месец, Хилтон нтврди дека била психички и физички малтретирана, била оставана во солидарен притвор со часови, и принудена да зема непознати лекови, пренесува „Ројтерс“.

Новинската агенција не можела независно да ги потврди нејзините тврдења.

Хилтон откри дека по повеќегодишно бунтување таа била испратена во „Прово“ и во неколку други училишта-интернати за проблематични тинејџери .

Како одговор на обвинувањата на Хилтон, „Прово кањон“ испрати изјава во која наведува дека интернатот бил продаден од претходните сопственици во август 2000 година. Затоа, не можат да коментираат за дејствијата или искуствата пред тоа време.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?