Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Париски оперски пејач секој ден пее на балконот

Париски оперски пејач секој ден пее на балконот
300x250 opst2

Париз, 27 март 2020 (/) – Францускиот оперски пејач Стефан Сенешал (43) секојднено пее на балконот, со цел да ги охрабри своите соседи во време на корона-криза и забраната за движење во Франција.

Тенорот секоја вечер во 19 часот има „настап“ и тоа трае веќе две седмици.

– Јас не сум лекар, не сум херој, не сум болничар. Сè што знам е да пеам и да придонесам за малку радост, изјави Сенешал за тамошните медиуми. Тој смета дека ова е само еден начин со кој може да ги забавува своите претежно соседи и да се оттргнат од здодевноста.

Тој пред некој ден ја изведе песната „Somewhere“ од мјузиклот „Приказна од западната страна“, посветувајќи им ја на здравствените работници низ целиот свет, кои се борат со пандемијата на новиот коронавирус.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?