Утрински Весник
Свет

Париз ја откажа новогодишната прослава

Париз ја откажа новогодишната прослава

Пaриз го откажа новогодишниот огномет и другите новогодишни настани, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на варијантата омикрон на коронавирусот.

Францускиот премиер, Жан Кастекс, објави забрана за големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните забави.

Кастекс изјави дека омикронот се шири со молскавична брзина и оти најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година.

Франција имаше 58.128 нови случаи на зараза во петокот, со 162 смртни случаи, покажуваат официјалните бројки.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма