Утрински Весник
Спорт

Паризиен: ПСЖ ќе го отпушти Почетино, Конте веќе им се понудил

Паризиен: ПСЖ ќе го отпушти Почетино, Конте веќе им се понудил

Францукиот весник „Ле паризиен“ тврди дека Пари Сен-Жермен еден ден по освојувањето на француската титула, решиле да го отпуштат Маурисио Почетино, а менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте веќе им се понудил како решение.

ПСЖ ја освоија титулата по 1:1 ремито со Ленс, станувајќи француски шампион вкупно десетти пат и осми пат во последните девет сезони. Според „Ле паризиен“, на вечерашниот состанок помеѓу директорите на ПСЖ и Почетино, било јасно дека двете страни не се поготвени да ја продолжат соработката.

Весникот тврди дека Зинедин Зидан остануваа прв избор, иако не е тајна неговата желба да ја преземе француската репрезентација, а Конте веќе се понудил со двегодишен договор без разлика на тоа што е по договор со Тотенхем од ноември.

> Паризиен: ПСЖ ќе го отпушти Почетино, Конте веќе им се понудил <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости