Утрински Весник
Спорт

Паратичи: Тешко некој клуб ќе извади многу пари за Погба

Паратичи: Тешко некој клуб ќе извади многу пари за Погба

Торино, 3 мај 2020 (МИА) – Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, даде широко интервју, во кое се дискутираше за изборот на клубот, иднината на некои од играчите на „бјанконерите“ и можноста за земање нови sвезди.

Тој ги коментираше извештаите во печатот за евентуална размена помеѓу Миралем Пјаниќ и играчот од средниот ред во Барселона – Артур.

– Разговараме со Барса како што прават повеќето големи клубови. Во моментов разменуваме идеи, можности за размена и нови работи за следниот трансфер прозорец, вели шефот.

Според него, ова лето ќе има можности играчите да се разменуваат, како во НБА, затоа што парите на пазарот ќе бидат многу помалку и ќе се бараат различни опции за зделки. Друга претпоставка е дека фудбалерите ќе бидат привлечени за изнајмување на 2 или дури 3 години.

– Поминуваме во тежок период за сите во светот, не само во фудбалот. Последиците ќе се почувствуваат насекаде, коментира тој.

Паратичи додаде дека трансферот од 100 милиони евра на Кристијано Роналдо бил исклучок: „Кристијано е различен играч од сите други. Тој носи неверојатно зголемување на приходите и е бренд скоро голем како еден клуб“.

За Пол Погба вели дека е одличен фудбалер, но логично, барањата за плата на ова ниво сега ќе бидат потешки за исполнување.

– Ќе има помалку екипи подготвени да ги извадат тие пари“, рече тој .

Шефот на Јуве, исто така, даде детали за иднината на некои актуелни играчи на клубот: „Ние работиме на продолжување на договорот на Пауло Дибала. Сакаме тој да биде дел од Јувентус за многу години. Преговорите со Буфон и Киелини се пред крај. Целата ситуација ги прекина разговорите“.

Паратичи, исто така, ги коментираше шпекулациите дека Гонзало Игуаин немал намера да се врати во Италија од Аргентина.

– Кога замина, тој беше многу загрижен од лични причини. Тој е многу чувствителна личност. Ние го сакаме, тој има неверојатна сезона и се надевам дека ќе продолжи да биде со нас за годината што останува од неговиот договор, рече Паратичи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Антиќ: Клубовите повеќе нема да плаќаат котизација за учество Првата лига

Објавена снимка од моментот кога напаѓачот пука кон поранешниот турски репрезентативец (ВИДЕО)

Мирза Џомба гостин на РК Алкалоид во Скопје