Утрински Весник
Магазин

Парада за Денот на благодарноста: Бебето Јода и Снупи ja воодушевија публиката

Парада за Денот на благодарноста: Бебето Јода и Снупи ja воодушевија публиката
Dik 300x250 mk

Тимот шарени ликови се врати на њујоршкото небо во четвртокот, воодушевувајќи ги илјадниците луѓе кои ги преполнија улиците на традиционалната Парада на Денот на благодарноста организирана од синџирот стковни куќи „Мејси“.

Бебето Јода, Снупи и Папа Штрумф беа меѓу балоните забележани како летаат над преполните улици на Менхетен, а долу на земјата маршираа бендови и изведувачи забавувајќи ја публиката.

Ова беше голема промена од минатата година, кога на јавноста ѝ беше забрането лично да присуствува на настанот стар 95 години поради стравувањата за ширење на Ковид-19.

Балонот Снупи, редовен од 1968 година, се врати на парадата.

Сегашната верзија – астронаут – е висока околу 49 стопи (14 метри) и има приближно 90 ракувачи.

Бебето Јода, кое ги воодушеви фановите во спин-офот „Војна на ѕвездите“, „Мандалориан“, е нов балон за 2021 година. Но, тој не беше единствениот првпат: ликовите од Покемон, Пикачу и Иви, исто така, дебитираа како пар.

Патеката на парадата помина 4 км низ Менхетен, а во маршот учествуваа повеќе од 8,000 луѓе.

Можете да прочитате

Денеска се празнуваат Светите четириесет битолски преподобномаченици

Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола: Дневен хороскоп (28.10.2025)

Три дена во шума го зголемуваат имунитетот за 80%