Папата Фрањо изјави дека во петок заминува во Ирак, каде што на неговиот претходник Јован Павле во 2000 година не му беше дозволена посета.
Папата ги замоли верниците да се молат неговата „посета да се одржи на најдобар можен начин и да ги донесе посакуваните плодови“.
„Веќе некое време сакам да ги запознаам луѓето кои страдаа толку многу и да ја запознаам тамошната маченичка црква“, рече папата.
Ирачката малцинска христијанска заедница со години е погодена од војни и репресии од страна на џихадистите од Исламска држава.
Папата сака да го посети Мосул, каде црквите сè уште носат лузни од конфликтот, пренесува Ројтерс.
„Народот во Ирак нè чека. Го чекаа и папата Јован Павле Втори, на кого не му беше дозволено да оди. Луѓето не смеат да се изневерат повторно. Се молиме овој пат да помине добро”, рече папата Фрањо.
Околу 10 000 војници ќе бидат ангажирани во Ирак за да го заштитат папата, кој најверојатно ќе се движи со оклопни возила. Поради рестриктивните мерки поради коронавирусот, ограничен е бројот на луѓе кои ќе можат да го видат Папата.