Утрински Весник
Свет

Папата Франциско имал висока температура

Папата Франциско имал висока температура

Папата Франциско, кој во неделата беше опериран од дебелото црево, синоќа имал висока температура. Сепак, денешните анализи не покажаа некои посебни проблеми, објави Ватикан.

Папата Франциско имаше „тивок ден во средата, јадеше и се движеше сам“, се вели во соопштението, додавајќи дека тој испратил најдобри желби до децата кои се лекувале во истата болница.

„Тој имаше епизода на висока температура“, се додава во соопштението.

Тоа беше негова четврта ноќ во болницата Гемели во Рим.

Ватикан изјави дека 84-годишниот папа претпладнево бил подложен на рутински и микробиолошки анализи, како и скенер за гради и стомак, што било негативно и дека папата ќе остане да лежи во тоа одделение.

Папата во неделата имаше операција на стеснување на дебелото црево, а Светата столица објави дека тој треба да остане во болницата околу една недела, освен ако не се појават компликации.

Можете да прочитате

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапки на територии