Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Звукот на оружјето е погласен од црковните ѕвона за Велигден

Папата Франциско: Звукот на оружјето е погласен од црковните ѕвона за Велигден

Папата Франциско уште еднаш повика на велигденско примирје во Украина и прекин на нападот врз „исцрпеното население“ и порача дека звукот на оружјето е погласен од црковните ѕвона кои го најавуваат Велигден.

Според АП, поглаварот на Римокатоличката црква ги повикал „агресорите“, без да прецизира кои, „да го запрат нападот за да помогнат да се стави крај на страдањата на исцрпените луѓе“.

Папата на насобраните верници на плоштадот Свети Петар им порача дека поминале два месеци од почетокот на руската воена операција во Украина и посочи дека „војната се влошила, наместо да запре“.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро