Утрински Весник
Свет

Папата очекува средба со рускиот патријарх Кирил во септември

Папата Франциско очекува во септември во Казахстан да се сретне со патријархот московски и на цела Русија Кирил, пишува Ла Стампа.

– Требаше да се сретнам со него на 14 јуни во Ерусалим, да разговараме за нашите работи, но беше донесена одлука средбата да се одложи за подоцнежен датум поради конфликтот во Украина, за да не биде погрешно разбран нашиот дијалог – изјавија од Католичката водачка црква и изразија надеж дека ќе може да разговара со Кирил како свештеник.

Папата уште во април го потврди учеството на состанокот на Конгресот на лидерите на светските и традиционалните религии, кој во септември ќе се одржи во Казахстан.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, тој рече дека „ситуацијата не е ниту црна ниту бела“ и дека војната „можеби на некој начин е испровоцирана“.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени