Утрински Весник
Свет

Папата: НАТО можеби придонесе за нападот на Украина

Папата Франциско рече дека пристапот на НАТО кон Русија можеби придонел за конфликтот во Украина и рече дека предложил средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Во интервју за Corriere della Sera, папата се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина и рече дека присуството на НАТО во соседните земји ја „провоцира“ Москва, и тоа можеби придонесе за конфликтот, пренесува Политико.

Тој потврди дека Светата столица бара средба меѓу папата и Путин во Москва од средината на март.

– Се разбира, ни треба лидерот на Кремљ да постави временска рамка. Сè уште не добивме никаков одговор и се уште се обидуваме и покрај мојот страв дека Путин не може и не сака да ја одржи оваа средба во овој момент – нагласи Папата.

Папата Франциско засега ја отфрли можноста да оди во Киев и нагласи дека прво мора да оди во Москва и да се сретне со Путин.

Од инвазијата на Украина, папата постојано ја критикуваше оваа агресија, избегнувајќи експлицитно да го спомене Путин, во согласност со надворешната политика на Ватикан да ја држи отворена вратата за можен дијалог, според Политико.

Можете да прочитате

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина

Москва: НАТО и ЕУ се подготвуваат за воен судир со Русија