Утрински Весник
Свет

Папата: Морам да го најдам вистинскиот момент кога да ја посетам Украина

Папата Франциск денеска најави дека наскоро ќе се сретне со украинските претставници за да разговара за можноста за посета на Украина.

Својата намера Папата ја објави за време на сесијата за прашања и одговори со децата одржана во Ватикан.

Сахар, момче од Украина, го праша папата дали може да дојде во Украина „да ги спаси сите деца кои сега страдаат таму“, пишува „Ројтерс“.

Папата (85), кој користел инвалидска количка поради болки во коленото, одговорил дека често мисли на украинските деца и дека сака да ја посети нивната земја, но дека мора да го избере вистинското време.

„ Не е лесно да се донесе одлука која може да му нанесе повеќе штета отколку корист на остатокот од светот. Морам да го најдам вистинскиот момент да го направам тоа“, изјавил поглаварот на Римокатоличката црква.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада