Утрински Весник
Свет

Папата им се обрати на верниците по пауза од шест месеци

Папата им се обрати на верниците по пауза од шест месеци
Dik 300x250 mk

Папата Франциско денес го изрази своeто одушевување пред верниците, затоа што првпат излезе во јавноста по пауза од шест месеци.

Утрово во дворот на Сан Дамасо, 84-годишниот папа им рече на верниците дека е среќен што ги гледа повторно лице в лице, пренесува Анса.

Почитувајќи ја социјалната оддалеченост и проверувајќи ја температурата на влезот, публиката со одушевување го следеше обраќањето на папата посветено на темата молитва.

„Многупати молитвата е борба“, рече папата Франциско, кој е вакциниран против коронавирус.

За време на најтешката криза со коронавирусот, кога Италија забележа повеќе од 40.000 новозаразени, папата ја извршуваше неделната служба преку видеоврска од библиотеката во Ватикан.

Можете да прочитате

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета