Утрински Весник
Свет

Папата во октомври првпат од почетокот на пандемијата ќе замине надвор од Рим

Папата во октомври првпат од почетокот на пандемијата ќе замине надвор од Рим

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ќе го посети италијанскиот град Асизи на почетокот на следниот месец.

Тоа ќе биде негово прво патување надвор од Рим откако во февруари во Италија избувна пандемијата на коронавирусот.

Според „Ројтерс“, папата ќе замине во Асизи ден пред церемонијата во чест на Св. Франциско Асишки, кој бил роден во тој мал град во централна Италија, и ќе потпише нова папска енциклика, која ќе биде на тема за неговата визија за светот по пандемијата.

Како што рече претставник на базиликата во Асизи, посетата на папата ќе се одржи без присуство на верници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати