Утрински Весник
Спорт

ПАОК остана без седум бодови, титулата на дофат на Олимпијакос

ПАОК остана без седум бодови, титулата на дофат на Олимпијакос

Атина, 5 март 2020 (МИА) – ПАОК е казнет со одземање на седум бодови, како и Ксанти, бидејќи бизнисменот Иван Савидис бил сопственик на двата клуба. Одлуката ја донесе Фудбалскиот сојуз на Грција со што ПАОК практично останува без шампионска титула, до која многу блиску е Олимпијакос.

Клубот од Солун има право на жалба која доколку биде отфрлена, речиси сигурно ќе значи дека Олимпијакос ќе биде нов првак во гркото фудбалско првенство со оглед на 12 бода предност што би ги имал по новонастанатата ситуација. сѓд/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗОИ2026: Златото на Мејар прво за Швајцарија во слалом од 1948

ПМФЛ: Македонија ЃП и АП Брера забележаа победи

ЗОИ 2026: Неколку биатлонки претрпеа труење од бургери