Утрински Весник
Македонија

Панихида во Тетово за загинатите полицајци и војници кај Вејце во 2001 година

Панихида во Тетово за загинатите полицајци и војници кај Вејце во 2001 година

Тетово, 28 април 2020 (МИА)– Во црквата Свети Кирил и Методиј во Тетово свештеници од тетовско-гостиварската епархија денес отслужија панихида- богослужба за сеќавање на упокоените-загинатите осум полицајци и војници на 28 април 2001 на патот Селце-Вејце на Шар Планина. На панихидата присустваа претставници на повеќе полициски единици при Министерството за внатрешни работи.

-Се молиме на Бога за нивните души, тажни затоа што заминаа прерано, радосни затоа што нивната жртва ја влложија во оваа татковина. Своите животи ги дадоа пролевајќи млада и невина крв, на која се темели државата. Нема поголема љубов од таа да го дадеш својот живот за ближните свои. Затоа имаме цврста надеж дека Бог ја прими нивната жртва и нивните души ги населени во царството небесно, истакна во беседата отец Александар Стојановски.

Спомен на загинатите бранителите мора да биде вечен, истака Кирил Бунгуров, државен советник за полициски и криминалистички работи во кабинетот на министерот за внатрешни работи.

-Нема поголема чест за еден маж да ја одбрани честа, достоинството и да го одбрани својот народ. Жалам за сите мои другари, браќа и колеги кои го дадоа својот живот. На нас кои остануваме позади нив ни останува да имаме вечен спомен на нив, да ги спомнуваме, да им помагаме на нивните семејства пред проблемите пред кои се исправени бидејќи само оние кои што г загубија најмилите знаат која е таа тежина и таа болка, истакна Бунгуров.

На 28 април 2001 кај месноста Брезовица на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина, загинаа Марјан Божиновски(27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Илчо Стојановски (24) Роберт Петковски(27) Бобан Трајковск (28)Игор Костески (26) и Миле Јанески (30).ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме