Утрински Весник
Свет

Паника во Израел, во карантин ќе се ставаат и вакцинираните кои биле изложени на делта видот

Паника во Израел, во карантин ќе се ставаат и вакцинираните кои биле изложени на делта видот

Израел денеска ги овласти здравствените власти да го стават во карантин секој за кого ќе проценат дека бил изложен на делта сојот на коронавирусот, дури и ако претходно таа личност била вакцинирана или се опоравила од Ковид-19.

Одлуката уследи по вчерашното предупредување од израелскиот премиер, Нафтали Бенет, поради новата епидемија предизвикана од делта видот на вирусот и скокот на бројот на дневни инфекции, пренесува „Ројтерс“.

Делта видот, кој најпрво се појави во Индија, е познат и како двоен мутант поради неговите мутации.

Во обраќањето пред парламентот, израелскиот министер за здравство Никан Хоровиц рече дека ќе се казнат со парична казна од илјадници шекели израелските граѓани кои патуваат во земјите од црната листа, поради високиот ризик за појава на Ковид-19.

Според ажурираните директиви од Министерството за здравство, вакцинираните или претходно инфицираните лица може да добијат наредба да се изолираат до 14 дена, доколку властите проценат дека можеби биле во близок контакт со лице заразено со опасниот вид на вирусот.

Околу 55 проценти од израелското население, со вкупно 9,3 милиони граѓани, примиле две дози од вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“, а стрмниот пад на бројката на нови случаи поттикна укинување на повеќето економски ограничувања.

Минатиот месец, програмата за вакцинација беше проширена на адолесценти на возраст од 12 до 15 години, но одзивот во таа возрасна група беше низок.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот