Утрински Весник
Свет

Паника во Бундестагот – на интернет кружи листа со политичари за отстрел

Паника во Бундестагот – на интернет кружи листа со политичари за отстрел
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската криминалстичка служба (БКА) предупреди дека на интернет кружи список за отстрел на германски политичари.

На социјалната мрежа „Телеграм“ се шират смртни закани кон сите политичари на германскиот Бундестаг кои минатата недела гласаа за промена на Законот за епидемија, со кој е воведен полициски час.

Како што се наведува, објавен е список со имињата на пратениците кои гласале за новиот закон, со забелешка дека тие се германските политичари за отстрел.

За тоа БКА ги информирала парламентарните групи во Бундестагот, изјави шефицата на парламентарнтарната група на Социјалдемократската партија, Грабриеле Качмарек, која по тој повод ги повика своите колеги пратеници да се јават доколку бидат изложени на непријатности или забележат нешто сомнително.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро