Утрински Весник
Спорт

Пандев за Џенова е исто што и Роналдо за Јувентус

Пандев за Џенова е исто што и Роналдо за Јувентус
Dik 300x250 mk

Познатиот италијански новинар Сандо Сабатини отсекогаш бил голем фан на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Тој со пофални зборови го оцени неговиот настап против Удинезе кога Џенова се врати по негативата од два гола и освои важен бод во борбата за опстанок во лигата.

На Фриули“ во Удине, Пандев на теренот влезе во 59 минута на местото на Фалке, а во 81 минута го намали резултат на 1:2. Конечните 2:2 ги постави Пинамонти во 97 минута.

„Горан Пандев е голем шампион, дава голе придонес во играта. Би кажал дека она што е Роналдо за Јувентус, тоа е Пандев за Џенова“, рекол Сабатини.

Инаку Пандев во јануарскиот преоден рок имаше понуда да се врати во Интер меѓутоа реши да остане во Џенова и да му помогне на тимот да остане во Серија А.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони