Утрински Весник
Спорт

Пандев: Живеам за овој натпревар

Пандев: Живеам за овој натпревар
Dik 300x250 mk

Горан Пандев утре вечер ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Македонија во плејофот во Лигата на нации против селекцијата на Косово.

Пандев последен од репрезентативците пристигна на подготовките, а како што изјави, поради катастрофалната епидемиолошка ситуација во Џенова не тренирал една недела.

„Благодарност до сите што помогнаа за моето доаѓање: до клуб, до луѓето од федерацијата, од нашата амбасада во Италија, им благодарам од срце. Сите во Џенова знаеа колку ми значи овој меч. Една недела немам никаков тренинг, бевме затворени во тотален карантин. На некои луѓе можеше да им текне барем порака да пратат, да прашаат како му е на Горан, но знам дека се зафатени со градење на терени“, рече Пандев на прес-конференцијата, а потоа проговори за мечот на генерацијата.

„Знаеме колку е важен овој натпревар. Искусни сме и подготвени сме за тоа што не чека. Сите ние знаеме што значи да се носи репрезентативниот дрес. За мене ова е последна шанса да играм на големо натпреварување. Огромна е желбата да победиме и да подариме радост на нашиот народ,. Јас, едноставно живеам за овој натпревар. Ќе го оставиме срцето на терен, нека победи подобриот“.

Македонија и Косово својот меч утре ќе го започнат во 20.45 часот. Победникот за пласман на ЕП ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Грузија и Белорусија.

> Пандев: Живеам за овој натпревар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс