Утрински Весник
Спорт

Пандев го повреди коленото на натпреварот со „Болоња“

Пандев го повреди коленото на натпреварот со „Болоња“

Болоња, 15 февруари 2020 (МИА) – Горан Пандев денеска играше само 13 минути на гостувањето кај Болоња по што мораше да му го отстапи местото на Пинамонти поради повреда на коленото што ја доби при удар од противнички играч. По лекарските прегледи ќе се знае колку е сериозна повредата на Пандев.
Доколку Пандев не биде во можност да игра во плуфиналето на Лигата на нациите, тоа ќе претставува голем удар за македонската фудбалска репрезентација која ја делат два натпревари до историски пласман на Европското првенство. сѓд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скандал во женската лига: По два поништени гола, Љуботен се повлече од натпреварот

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови