Утрински Весник
Спорт

Панатинаикос му нуди продолжување на договорот на Калатес со намалување на платата

Калатес МВП на 17. коло во Евролигата

Атина, 3 мај 2020 (МИА) – Евролигашот од Атина, Панатинаикос му понуди на плејмејкерот Ник Калетес, обновување на договорот со намалување на платата. Ова го соопшти Спортандо повикувајќи се на грчки извор.

Новиот договор е дизајниран на 3 години, сумата според договорот е 1,8 милиони евра по сезона. Тековниот договор на Калетес истекува во 2021 година. Платата на кошаркарот е  2,2 милиони евра по сезона.

Во сезоната 2019/20 во Евролигата, грчкиот кошаркар забележа просек од 13,3 поени, 4,9 скока и 9,1 асистенција по натпревар. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство