Утрински Весник
Магазин

Памела Андерсон ќе ја раскаже својата приказна во нов документарец

Памела Андерсон ќе ја раскаже својата приказна во нов документарец
Dik 300x250 mk

Памела Андерсон снима документарен филм со цел да ја раскаже својата животна приказна.

Атрактивната „чуварка на плажа“ од некогаш популарната серија „Бејвоч“ веќе неколку годиниработи со режисерот Рајан Вајт на неименуваниот проект на „Нетфликс“ кој ќе го допре нејзиниот живот и на професионален и на личен план.

Според стримерот, 54-годишната активистка „е подготвена да ја раскаже својата приказна во нов документарец“.

„Филмот, кој се снима веќе неколку години, ќе ја прикаже иконата на поп-културата додека се навраќа на своето професионално и на своето лично патување,“ соопштија од „Нетфликс“.

Памела ја сподели веста на Инстаграм со објава на рачно напишана порака: „Мојот живот, илјада несовршености, милион погрешни перцепции, злобни, диви и изгубени, можам само да ве изненадам, не како жртва туку како преживеана. Жива за да ја раскажам приказната“.

Можете да прочитате

Северина падна на сцена за време на настап 

Ана Стојанова од Дубаи им одговори на сите кои ја прашуваат кој ја спонзорира: “Престанете да ги осудувате девојчињата” (ФОТО)

Нела Манческа со песната „Miracle“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025