Утрински Весник
Свет

Палмер: САД и ЕУ го поддржуваат просперитетот и мирната иднина на регионот

Палмер: САД и ЕУ го поддржуваат просперитетот и мирната иднина на регионот

Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балканот, Метју Палмер, рече дека Србија може да смета на Соединетите Американски Држави и нејзините партнери во ЕУ за поддршка на просперитетот и мирната иднина на регионот.

На крајот од неговата неколкудневна посета на Србија, тој оцени дека таа била одлична и продуктивна, објави американската амбасада во Србија.

„Одлична и продуктивна посета на Србија! Белград е местото каде што ја започнав мојата дипломатска кариера и каде сè уште имам толку многу стари и нови пријатели и роднини. „Србија може да смета на Соединетите Американски Држави и нашите партнери во ЕУ за поддршка на просперитетот и мирната иднина на регионот“, рече Палмер.

Изминатите денови како што потсетуваат медиумите во регионот, Палмер и Лајчак разговараа со српскиот претседател Александар Вучиќ и други високи претставници за решавање на косовското прашање и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ден подоцна со претставници на опозициските партии.

Можете да прочитате

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари