Утрински Весник
Македонија

Палмер: Има момент на итност за почеток на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ

Палмер: Има момент на итност за почеток на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ

Неопходно е итно да се одржи меѓувладината конференција за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер.

„Чувствуваме момент на итност. Сметаме дека Северна Македонија и Албанија ја заслужија Меѓувладината конференција и формалното отворање на пристапните преговори. Многу сакаме да видиме тоа да биде договорено оваа година“, нагласи Палмер во изјава за Гласот на Америка.

Според Палмер, САД сакаат да ги видат препреките отстранети, посочувајќи дека Северна Македонија и Албанија заршиле тешка работа, ја одработиле нивната домашна задача и ги направиле неопходните реформи.

„Одржете ја Меѓувладината конференција и ставете го овој процес цврсто на пат“, порача американскиот дипломат.

Палмер нагласува и дека Вашингтон би сакал Скопје и Софија преку дијалог да ги решат прашањата во билатералните односи и да ги држат проблемите надвор од мултилатералните формати, вклучувајќи ги НАТО и ЕУ.

„Сигурно никој не сака да види еден НАТО сојузник да му се заканува на друг“, изјави американскиот дипломат.

Потенцирајќи дека борбата против корупцијата е една од основните вредности на членките на НАТО, Палмер нагласи дека САД очекуваат од македонската Влада да направи подобра работа во борбата против корупцијата.

Можете да прочитате

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот

Фатен на дело: 57-годишен маж подметнал пожар во Ѓорче Петров

Бујар Османи: Размислувам за кандидатура за Чаир