Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Палестинците ќе ги прекинат врските со земјите со амбасади во Ерусалим

Палестинците ќе ги прекинат врските со земјите со амбасади во Ерусалим
Img 7972

Палестинските власти во неделата предупредија дека ќе ги прекинат врските со која било земја што ќе отвори своја амбасада во Ерусалим, откако Србија, Косово и Малави ги објавија своите намери да отворат дипломатски мисии во израелската престолнина.

„Палестина ќе ги прекине односите со која било земја што ќе ја премести или отвори своја амбасада во Ерусалим. Прекршувањето на меѓународното право е знак на слабост, а не на сила“, напиша на Твитер високиот палестински претставник Саеб Ерекат.

„Насилната окупација, дефинирана од меѓународното право, на туѓа територија е највисока форма на тероризам. Доста е лага и уцена. Никој не може да ги нормализира израелските населби, анексијата и окупацијата “, продолжи Ерекат.

Ерусалим во ниту еден момент не бил палестинска територија. Источниот дел на градот – кој 19 години беше под јорданска окупација – беше ослободен од Израел за време на одбранбената шестдневна војна во 1967 година.

Израел го официјализираше тој потег во 1980 година со Основниот закон – Ерусалим, кој ја потврди заштитата на светите места во Ерусалим за сите религии. Тој закон беше отфрлен во ОН и меѓународната заедница оттогаш го избегнува признавањето на Ерусалим за главен град на Израел. Источниот дел на градот беше предвиден во неколку мировни планови како главен град на идната палестинска држава – вклучувајќи го и планот на претседателот Доналд Трамп.

Единствените две земји кои ги преместија своите амбасади од Тел Авив во Ерусалим се САД и Гватемала. Австралија, Бразил, Хондурас и Унгарија отворија дипломатски трговски мисии во главниот град на Израел.

Новоназначениот претседател на Малавија, Лазарус Чаквера, евангелистички ревносен поддржувач на Израел, во саботата ја објави својата намера да ја отвори првата амбасада на неговата земја во Ерусалим. Ако Чаквера го исполни ветувањето, тоа ќе биде првата африканска земја што ќе го направи овој чекор.

Србија и Косово исто така ги објавија своите планови за отворање амбасада во Ерусалим, со тоа што Косово се согласи да размени дипломатски врски со Израел за возврат на признавањето. Со тоа, Косово ќе ја има првата амбасада во Ерусалим од нација со муслиманско мнозинство.

„Кругот на мирот и признавањето на Израел се шири и се очекува дополнителни земји да му се придружат“, рече Нетанјаху во изјавата по најавите дадени од балканските ривалски нации.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп