Утрински Весник
Свет

Палестински министер го обвини Израел за геноцид

Палестински министер го обвини Израел за геноцид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малки го обвини Израел за „геноцид врз палестинските семејства“. Тој ја повика меѓународната заедница да го заштити палестинскиот народ се додека не им биде загарантирана слободата.

На вонредниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации за конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Ал Малки рече дека секоја земја во светот има одговорност да обезбеди мир, правда и слобода.

Тој апелираше до Генералното собрание на ООН да се осигури дека Израел е одговорен за убиството на, како што рече, невини Палестинци и да не му биде обезбедено оружје, пренесува АП.

Ал-Малки оцени дека присуството на повеќе од 10 министри, скоро сите од арапските и исламските земји, испраќа јасна порака да се запре насилството.

„ Како може окупаторската моќ да има право да се брани кога целиот народ под окупација е лишен од истите тие права?“, праша тој, одговарајќи на тврдењата на Израел дека реагира во самоодбрана.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ги повика Израел и палестинскиот Хамас да престанат со огнот веднаш, апелирајќи до израелската армија да покаже максимална воздржаност и до Хамас да престане со неселективните ракети.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства