Утрински Весник
Македонија

Палестинец пронајден во возило со албански ознаки

Десет мигранти откриени во камион во Тетово

При контрола на товарно возило „Ман“ со албански национални ознаки на граничниот премин „Стење“ вчера било пронајдено скриено лице, информираат од МВР.

На граничниот премин „Стење“ вчера во 09.57 часот, при контрола на товарно моторно возило „Ман“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Ш.(40) од Р.Албанија, полициски службеници, во соработка со царинските служби, во задниот дел на возилото, откриле скриено едно лице, кое било без документи за идентификација.

Лицето изјавило дека е А.Г.(33) од Газа-Палестина.

И возачот на товарното возилото и лицето кое било пронајдено во задниот дел се приведени и предадени на полициски службеници за понатамошна постапка, известува министерството за внатрешни работи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Земјотрес почувствуван во Скопје и околината

Тони Михајловски: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер за култура

УЈП казни речиси 300 угостителски објекти по контроли во трговски и туристички објекти низ државата