Утрински Весник
Македонија

„Пакомак“ донира контејнери за собирање и складирање отпадно стакло во Берово

„Пакомак“ донира контејнери за собирање и складирање отпадно стакло во Берово

Берово, 27 март 2020 (МИА) – Фирмата „Пакомак“ донираше пластични контејнери наменети за собирање и складирање отпадно стакло во Берово. Контејнерите, како што информираа надлежните, ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно-прометни површини во градот.
-Апелираме до сите граѓани на Општина Берово, да ги користат контејнерите, исклучиво за селекција на отпадно стакло (амбалажа од шишиња и тегли) и одговорно да се однесуваат со поставените контејнери. Очекуваме со нивна употреба да се засили системот за собирање на отпад, кој може да биде реупотребен и рециклиран, информираа надлежните.
Ова, како што додадоа, е само почеток на селектирање на комуналниот отпад во Општина Берово.
-Во иднина треба да направиме селекција и на преостанатиот отпад, зошто само така ќе придонесеме кон чиста и здрава животна средина, за сите нас, додадоа надлежните.
Со првата донација доделени се вкупно 12 пластични контејнери со површина од 1,5 кубни метри. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата