Утрински Весник
Македонија

„Пакомак“ донираше 100 канти за отпад во Општина Кратово

„Пакомак“ донираше 100 канти за отпад во Општина Кратово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крива Паланка, 3 април 2020 (МИА) – Општина Кратово доби сто пластични канти за отпад и пет специјалзиирани садови за стаклена амбалажа, донација од „Пакомак“ ДОО Скопје.

-Водени од идејата дека секој има одговорност за зачувување на околината чиста и уредна, добивме донација од „Пакомак“ која е многу значајна за нашата општина. Во градот на пет релации се поставија садови за собирање на стаклен отпад пет пластичини зелени игло контејнери од 1,5 метри кубни, наменети за депонирање стаклени амбалажи од шишиња и тегли, а исто така добивме донација и 100 зелени пластични корпи за ѓубре и во наредниот период очекуваме да бидат поставени. Пластичните канти се со капацитет од 140 литри и се наменети за собирање  отпад од пакување за домаќинствата, информира градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев.

Тој упати благодарност до компанијата „Пакомак“ за тоа што како специјализирано друштво за управување со отпад од пакување е и општествено одговорна компанија.

„Пакомак“ е непрофитна компанија која веќе една деценија работи на полето на управување со отпад од пакување во нашата држава и е првата компанија во РС  Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. ид/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот