Утрински Весник
Македонија

„Пакомак“ донираше специјални контејнери во Брвеница и Боговиње 

„Пакомак“ донираше специјални контејнери во Брвеница и Боговиње 
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Општините Брвеница и Боговиње добија донација од „Пакомак“- специјални контејнери за селективно одложување на отпадот, со цел на сите општествено одговорни жители да им го олеснат процесот на селективно одложување на стаклото, пластиката, хартијата и други композитни амбалажи.

Како што соопшти „Пакомак“ и во овој период тие продолжуваат со своите континуирани инвестиции во подобрување на комуналната инфрастуктура во земјава.

– И во услови на вонредна состојба, ограничен престој надвор од домот и самоизолација за поголемиот дел од населението, се создава отпад од пакување кој не треба да заврши на депонија заедно со останатиот отпад. Животната средина е неповратен ресурс, и токму затоа и сега, а и во иднина треба одговорно да се однесуваме кон неа. Отпадот сеелктивно да го одложуваме, потоа тој да се рециклира, и што помал дел од него да заврши на депонија. На таков начин се заштитува природата, квалитетот на почвата, на воздухот кои се од непроценливо значење за секоја општина, се вели во соопштението. мс/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат