Утрински Весник
Свет

Пакистан воведува хемиска кастрација за силувачите

Пакистан воведува хемиска кастрација за силувачите

Пакистан воведе закон кој предвидува кастрација и побрзо судење за осомничените сексуални престапници и за сериските силувачи, изјави денеска владиниот претставник Вакар Хусаин.

Според него, Собранието го усвои законот и тој веднаш стапува на сила.

Хемиската кастрација, која се врши со помош на лекови, веќе се практикува во Полска, Јужна Кореја, Чешка и некои американски држави, пренесуваат агенциите.

Пакистанскиот премиер Имран Кан минатата година изјави дека сака да воведе казни по зголемениот број на сексуални злосторства во земјата и по случајот со мајка на две деца, која две лица ја извлекле од автомобил и ја силувале со закана од огнено оружје.

Невладината организација „Војна против силување“ вели дека помалку од 3 отсто од силувачите добиле пресуди во пакистанските судови.

Амнести интернешнал повика на истрага за причините за сексуалните напади, наместо строги казни.

Можете да прочитате

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп