Утрински Весник
Македонија

Пакистанци криумчареле мигранти во Македонија

Пакистанци криумчареле мигранти во Македонија

Полицијата до Обвинителството поднесе кривична пријава против М.А.(27) и А.Х.(20), двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

„Пред два дена по преземени мерки и активности на автопатот Куманово-Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, кумановско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронашле 40 лица – мигранти од кои 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу лицата три се малолетни. Исто така, при преземањето мерки било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница. Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека, останатите лица се сместени во Прифатен центар“, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов