Утрински Весник
Свет

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот.

Извршени се два теста за да се потврди присуството на рицин. ФБИ и тајната служба го испитуваат случајот. Целата пошта за Белата куќа се сортира и се прегледува надвор од објектот пред да пристигне во Белата куќа.

Рицин е високо токсично соединение извлечено од семе од рицинус кое се користи во терористички заговори. Може да се користи во форма на прав, пелети, чад или киселина.

Ако се проголта, тоа предизвикува гадење, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, проследено со откажување на црниот дроб, слезината и бубрезите и смрт поради нарушувања на циркулаторниот систем.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина, Блискиот Исток, Западeн Балкан и одбраната меѓу темите на јунскиот Самит на ЕУ 

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа