Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пакети со храна за ранливите семeјства од кочанските села

Пакети со храна за ранливите семeјства од кочанските села
Img 7972

Кочани, 17 април 2020 (МИА) – Мобилниот сервис за здравствени и социјални услуги ангажираните лица во проектот Општинско корисна работа, со поддршка од бизнис-секторот од Кочани обезбедија пакети со храна што им се дистрибуираат на лица во социјален ризик од населените места во Општината.

Координаторите на мобилните тимови за поддршка во услови на пандемијата од коронавирусот информираа дека веќе се распределени пакети во селата Бели, Оризари, Грдовци, Горни и Долни Подлог.

-Токму за велигденското празнување со оваа акција освен во населените места од рамничарскиот дел, ќе бидат опфатени и жителите на селата во високиот дел од Осоговието. Од името на семејствата од Кочани кои ги добија овие пакети, тимовите упатуваат најискрена благодарност до хуманите стопанственици. Во меѓувреме, во соработка со Општинскиот Кризен штаб, ги повикаме сите правни субјекти кои се во можност да донираат храна, да ни помогнат за да нема гладни за најголемиот христијански празник, истакна Лидија Ефтимова, координаторка на Мобилниот сервис во Кочани.

Акцијата за доставување хуманитарна помош е една од неколкуте коишто се реализираат на подрачјето на Општина Кочани за најранливите и исклучените групи. Пред една седмица пакети со храна и хигиенски производи добија осумдесетина семејства во социјален ризик. та/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка