Утрински Весник
Спорт

Пази, камера!

Пази, камера!

Финскиот фристајл скијач Јон Салинен го „украде“ шоуто во халфпајп квалификациите во четвртокот, не поради неговата умешност, туку поради опасната средба со еден камерман.

Скијачот беше на половина од својата трка, кога ја загуби контролата, дојде преблиску до снежиот ѕид и со скијата го удри камерманот, кој пак стоеше преблиску до патеката за фати атрактива фотографија.

По инцидентот, Салинен заврши како последен од 23-те натпреварувачи, и не успеа да влезе во финалето, каде што влегоа 12 скијачи.

> Пази, камера! <

Можете да прочитате

Јувентус го следи македонското чудо од дете – Меланија Грозданова на чекор до Торино

Македонија со трофеј од турнирот во Анкара

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години