Утрински Весник
Економија

Пазарниот инспекторат затвори преку 17 објекти кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот

Пазарниот инспекторат затвори преку 17 објекти кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Државниот пазарен инспекторат досега затворил преку 17 објекти кои не ги почитувале владините мерки за заштита од коронавирусот.

Како што соопшти директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, три објекти се затворени на 13 и 14 март, вчера се затворени седум, а денеска, само досега се затворени уште најмалку седум.

– Од денеска веќе постапуваме. Затвораме објекти каде има нарушување и непочитување на владините одлуки. Инспекторите се постојано на терен, и дење и навечер, до 00:00 часот. Но, имаме и дополнителни екипи кои вршат контроли ноќе со оглед на дојавите од граѓани дека некои објекти и тогаш работат, рече Пауновски на прес-конференција во Владата на која присуствуваа директорите на пет инспекторати.

Според Пауновски, секогаш има луѓе кои не го почитуваат пропишаното, па казните за нив ќе бидат согласно одлуката на Владата.

Како што беше речено на прес-конференцијата, Државниот пазарен инспекторат досега исконтролирал 80 маркети и аптеки. Не утврдил покачување на цените. Спровел и 3.000 надзори. Притоа констатирал дека најголем дел од одбјектите ги почитуваат мерките. Ако некој има сознанија за објект кој работи спротивно на владините препораки, може да пријави на телефонскиот број 02/3220547. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната