Утрински Весник
Македонија

Пазарната инспекција синоќа влегла на седум свадби

Среде епидемија викнале 180 гости на свадба, веселбата ја прекинала лажна дојава за бомба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа биле во контрола на седум објекти каде се одржувале свдабени веселби и покрај забраната поради коронавирусот.

Една од свадбите се случувала во Струга, две во Тетово и четири во Скопје.

„За  субјектите кои организирале свадби ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство“, велат од Владата.

Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден спровел над 100 контроли низ целата држава.

Вкупно кај 19 угостителски објекти се изречени казни за непочитување на здравствените протоколи, меѓу коишто спаѓаат и свадбените веселби.

Дополнително, за непочитување на протоколите казнети се уште 2 угостителски објекти во Струмица, 5 во Скопје и 1 во Битола.

За четири локали кои не го почитувале работното време, ќе бидат изречени прекршочни пријави, ќе бидат издадени платни налози за парична казна и решение за затворање на објектите од 10 до 30 дена во зависност од пречекорувањето на работното време.

Синоќа беше приведен сопственикот на ланч барот „Мош“ во Скопје, каде викендов во два наврати се случуваше концерт на Владо Георгиев без почитување на протоколите. Тој е приведен поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник

Во Собранието денес ќе се бираат нови министри

Набавка на 100 нови амбулантни возила и уредување на паркингот кај Клиничкиот центар