Утрински Весник
Македонија

Пад на бројот на претплатници во мобилната телефонија, пораст во фиксната

Пад на бројот на претплатници во мобилната телефонија, пораст во фиксната

Пораст на бројот на фиксни телефонски линии, а намалување на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија, открива новиот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за развојот на пазарот во вториот квартал од 2020 година.

Вкупниот број на фиксни линии во овој период изнесувал 403.715, што е зголемување од 3,75 отсто во однос на вториот квартал од 2019 година кога во земјава имало 389.108 фиксни линии.

Од друга страна, во вториот квартал од 2020 година на пазарот имало 1.777.194 активни претплатници на мобилна телефонија, што е намалување од 8,62 отсто во однос на истиот период минатата година кога имало 1.944.870 активни корисници.

Сепак, податоците на АЕК покажуваат дека македонските граѓани многу повеќе зборуваат на мобилен отколку на фиксен телефон. Во вториот квартал од 2020 година претплатниците на фиксна телефонија просечно зборувале 34,61 минути месечно.

„Споредено со првиот квартал од 2020 година може да се забележи зголемување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации со исклучок на сообраќајот кон мрежи во странски држави додека споредено со вториот квартал од 2019 година може да се забележи намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации со исклучок на сообраќајот кон други мобилни мрежи“, се вели во извештајот на АЕК.

Истовремено, во вториот квартал од 2020 година претплатниците на мобилната телефонија просечно зборувале 272,33 минути месечно.

„Споредено со првиот квартал од 2020 година може да се забележи зголемување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации со исклучок на сообраќајот кон мрежи во странски држави. Споредено со вториот квартал од 2019 година може да се забележи идентична состојба односно зголемување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации со исклучок на сообраќајот кон мрежи во странски држави“, информираат од АЕК.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег